Најпопуларни модни додатоци за пролет 2019

Фото Flickr

Модните додатоци некогаш може да одиграат многу поголема улога во целокупниот изглед, отколку самата облека.

Навистина е предизвик да се направи совршената комбинација на облека, обувки и чанти и накит, но најважно од сè е да имате инспирација да го правите тоа.

Од улиците на Милано, Париз, Њујорк и Лондон, доаѓаат следниве трендови:

Накит и очила за сонце

Кога е накитот во прашање, оваа пролет на сигурно ќе играте со помош на бисерите. Носете ги на ѓердани, обетки, шноли, алки… Можете дури и на очилата за сонце. Што се однесува до обликот на очилата, најмодерни се мачкестите рамки, но и очилата во боја кои потсетуваат на модата од 70-тите.

Фото Профимедиа

Чанти

Оваа сезона ќе бидат модерни ретро чантите, кои по малку наликуваат и на торби за пазарење. Без разлика дали ќе изберете мал или голем модел, тие ќе ви бидат навистина практични за складирање на сите ваши неопходни ситници. Во мода остануваат и популарните ранци, плетените торби и оние кои наликуваат на кошници.

Фото Профимедиа

Капи и шешири

Шеширите, заедно со очилата за сонце, одлично ќе ве штитат од сонцето. Избирајте светли бои кои ја рефлектираат светлината, а можете да си играте со храбри принтови и нијанси.

Фото Профимериа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот