Најочекуваниот моден настан: Откриена е темата за Мет Гала 2024 година

Ријана, Бијонсе и Лејди Гага на Мет Гала низ годините / Фото: Profimedia

Њујоршкиот музеј „Метрополитен“ ја најави темата на следната Мет Гала, којашто традиционално се одржува првиот понеделник од месец мај.

Темата за следното издание на овој гламурозен моден настан гласи – „Заспани убавици: повторно будење на модата“ („Sleeping Beauties: Reawakening Fashion“).

Следната изложба, која ќе се одржи на 6 мај 2024 година, ќе ги опфати некои од најстарите и ретко видени дизајнерски креации низ историјата.

Уредничката на „Вог“, Ана Винтур и актерот Бил Наи / Фото: Angela WEISS / AFP / Profimedia

„Иновативната тема ќе ги помести границите на нашата имагинација и ќе нѐ поттикне да ги доживееме многуте аспекти на модата, да дознаеме повеќе за нејзината историја и, на крајот, да стекнеме подлабоко разбирање за нејзината убавина“, рече Макс Холејн, извршен директор на музејот „Метрополитен“.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс на Мет гала / Фото: EPA

Фокусот на изложбата ќе биде ставен на историски креации, а некои ќе бидат стари и по 400 години.

Според „Вог“, изложбата ќе биде исполнета со креации на култните модни творци Ив Сен Лоран, Елза Скиапарели, Кристијан Диор, Хуберт де Живанши и други. На изложбата ќе има и современи дела на Филип Лим, Стела Макартни и Конер Ајвс.

ФОТО | Мет гала: Мачки, бисери и екстравагантни креации во чест на Карл Лагерфелд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот