Најмладите рекордери во Гинесовата книга на рекорди: Овие неверојатни деца се единствени!

инстаграм

1. Најмладиот професионален тапанар – Џулијан Павоне (4) 

После завршување на неговиот 20-ти концерт (минимумот баран од Гинесовата книга) во 2009 година, тој стана најмладиот тапанар во светот.

2. Најмладиот патник кој го преживеал потонувањето на Титаник – Милвина Дин (72 дена)

Верувале или не, таа имала само 72 дена кога со нејзиното семејство тргнале на патување со бродот Титаник. Иако нејзината мајка и нејзиниот брат успеале да избегаат од бродот, нејзиниот татко бил еден од 1.500 лица кои загинале при тонењето. Во подоцнежните години, таа станала државен службеник и картограф.

инстаграм

3. Најмладиот да се искачи на „Седумте самити“ – Џордан Ромеро (13)

После освојувањето на Монт Еверест на 13-годишна возраст Ромеро станал најмладата личност што се искачила на седумте највисоки планини во светот во 2011 година.

4. Најмладиот соло уметник со хит број 1 – Стиви Вондер (12)

„Малиот“ Стиви Вондер стана најмладиот соло уметник кој ги достигна топ листите во САД со „Fingertips“ од неговиот албум од 1963 година, снимен во живо: 12-годишниот Гениј.

инстаграм

5. Најмлад добитник на Оскар – Ширли Темпл (6)

Најголемата ждрепка во Холивуд до 1938 година, Ширли Темпл беше наградена со Оскар во 1935 година за нејзините придонеси во кинематографијата на Златната доба во Холивуд.

6. Најмлад добитник на Нобелова награда за мир – Малала Јусафзаи (17)

Поздравена како „најистакнат граѓанин“ на нејзината матична земја Пакистан, 17-годишната Малала Јусафзаи стана најмладата добитничка на Нобелова награда за мир во историјата. Јусафзаи беше призната затоа што зборуваше против угнетувањата на Талибанците врз жени и деца. До ден-денес, таа е сè уште водечки поборник за човекови права ширум светот.

инстаграм

7. Најмладиот милијардер – Александра Андерсен (19)

Откако доби 42,2% удел во холдинг-компанијата на нејзиниот татко, Александра Андресен стана најмладата милијардерка во светот на возраст од 19 години. Заклучно со 2018 година, чистата вредност на Андресен е пријавена 1,4 милијарди американски долари. Сепак, и покрај чистата вредност, таа само купува автомобили од „втора рака“ врз основа на совети што ги добила од нејзината мајка.

8. Најмладиот играч во НБА – Ендру Бинум (18)

Ендру Бинум стана најмладиот играч во НБА во историјата, кога застана на теренот за Лос Анџелес Лејкерс во 2005 година. Центарот со висина од 213 сантиметри следните седум сезони ги помина со ЛА. Колената на оваа ѕвезда за жал не издржа и тој излезе од НБА претежно поради повреди.

9. Најмладиот претседател на САД – Теодор Рузвелт (42)

инстаграм

Теодор Рузвелт е запаметен по голем број достигнувања во кариерата, но многумина не знаат дека тој исто така бил и најмладиот претседател во американската историја.

10. Најмладиот индивидуален медалист за олимписко злато – Марџори Гестринг (13)

За време на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, Марџори Гестринг стана најмладата конкурентка која освои златен медал со нејзиниот настап во 3-метарската отскочна плоча. Во тоа време Гестринг имала само 13 години. По нејзината импресивна победа, таа продолжила да доминира на националните првенства пред да успее да се квалификува на Летните олимписки игри во 1948 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот