7 C
Скопје

Најмалку пет лица повредени во протестите во Багдад

Најмалку пет лица се повредени на денешните протести во Багдад, кога ирачките безбедносни сили упаднаа со палки меѓу демонстрантите на главниот плоштад во Тахрир.

Според безбедносни и болнички извори, околу 200 лица демонстрирале на плоштадот Тахрир во врска со насилството од страна на ирачките безбедносни сили врз демонстрантите во јужниот ирачки град Насирија минатиот петок, при што загинаа најмалку осум демонстранти, а 250 беа повредени.

Стотици луѓе демонстрираа и денеска во пристанишниот град Басра во знак на солидарност со демонстрантите во Насирија, каде што на 2 февруари избувнаа улични немири и траеја околу една недела. Полицијата потоа пукаше кон демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на локалната самоуправа, користејќи молотови коктели и камења.

Демонстрантите побараа смена на гувернерот и локалниот обвинител поради убиствата на демонстрантите за време на бранот протести против корупцијата, лошата јавна администрација и високата невработеност. 

Прочитајте и...  Здружение на правници Роми ги поздравува преземените мерки на МВР во врска со претепаното дете во Кочани

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар