Најмалку 200 автомобили изгореа во паркинг-гаража северно од Стокхолм

Паркинг-гаража со 200 автомобили беше опожарена во текот на ноќта во шведскиот град Марста, северно од Стокхолм, јави ДПА.

-Покривот на гаражата се урна и објектот веќе не може да се спаси, изјави портпаролот на спасувачките екипи за шведската новинска агенција ТТ.

Напорите за гаснење на пожарот беа многу тешки, додаде тој, опишувајќи ја ситуацијата како „да сте во висока печка”.

-Поради топлината, пожарникарите не можеа доволно да се приближат до возилата, рече тој.

Пожарот сепак е ставен под контрола и засега нема информации за повредени, пренесува ДПА.

Причината за пожарот се уште испитува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот