Најмалку 19 загинати и 32 повредени патници откако автобус се заби во куќа во Мексико

Автобусот снимен во моментот кога влетува во куќа во Мексико/ фото: Твитер/принтскрин

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, соопштија властите, пренесе ДПА.

Автобусот удрил во куќа во малиот град Сан Хозе Ел Гард, на околу 50 километри југозападно од Мексико Сити, откако му откажале сопирачките, соопштија властите.

Автобусот патувал од западната држава Мичоакано, до местото за аџилак Чалмо, се наведува во соопштението на властите.

Меѓу повредените има и малолетници.

Според медиумите, сите патници биле аџии.

Мексиканскиот помошник секретар за безбедност Рикардо де ла Круз изјави дека ќе оди на местото на несреќата за да ги координира напорите за помош на повредените и поддршка на семејствата на жртвите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот