Најмалку 10 лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија

Индонезија / Фото: Handout / AFP / Profimedia

Најмалку 10 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што ја погодија провинцијата Западна Суматра во Индонезија, соопштија денеска локалните власти.

Над 45.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.Официјалните лица соопштија дека спасувачите се уште трагаат по исчезнатите и ги евакуираат жителите погодени од поплавите и одроните предизвикани од обилните врнежи, јави Ксинхуа. Поплавени се повеќе од 20.000 куќи, а оштетени се најмалку осум мостови.

Официјални лица изјавија дека спасувачките тимови во Западна Суматра користат чамци за да им помогнат на жителите изолирани од блокадите на патиштата. Обилни дождови наврнаа во Западна Суматра од четвртокот до утрово, што доведе до блокади на патиштата и прекин на електричната енергија.

Поплавите и одроните се вообичаени во Индонезија за време на сезоната на дождови, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот