Најмалку 1.000 жртви во земјотресот во Сирија

Фото: Твитер

Во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија, загинаа повеќе од 1.000 луѓе само во северна Сирија.

Бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 570, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во деловите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според спасувачката група „Бели шлемови“, загинале најмалку 430 луѓе.

Контролата на северна Сирија е поделена меѓу владата, силите предводени од Курдите и другите бунтовнички групи кои се во конфликт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот