Најлесниот појадок: Рецепт за вкусна овошна каша – одличен начин да го почнете денот

Фото: Pexels/Valeriia Harbuz

Овесната каша е одличен избор за појадок, а денеска ви пренесуваме едноставен начин како да ја направите – без готвење.

Имено, овесната каша се остава да отстои во млеко преку ноќ, во фрижидер. Во овој процес, кашата омекнува и станува пријатна за јадење, пишува „Пун куфер“.

Можете да ја комбинирате со различни овошја, јаткасти плодови, семки и засладувачи.

Потребни состојки:

  • 150 милилитри млеко
  • 65 милилитри овошен јогурт
  • 50 грама овесна каша
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол

Подготовка:

Во тегла измешајте ги млекото и јогуртот со медот и екстрактот од ванила. Додадете малку сол, а потоа додадете ја овесната каша и добро измешајте. Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер да отстои преку ноќ.

Наутро послужете ја овесната каша со прелив по желба. Можете да додадете овошје како банани, малини, боровинки, јаболко и сл. Едноставно, додадете го вашето омилено сезонско или замрзнато овошје.

Не заборавајте да додадете и извор на здрави масти како семки или јаткасти плодови.

На здравје!

Нова студија открива: Времето за појадок е клучно за спречување на дијабетес тип 2!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот