Најголем трансфер во историјата на Турција – Рома потврди дека Ѕаниоло ќе игра за Галатасарај

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Како што беше најавено претходно, италијанскиот фудбалер Николо Ѕаниоло потпиша за Галатасарај и со тоа стана дел од најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.

Овој 23-годишен играч за врска во нападот побара да го напушти својот сегашен клуб Рома и на крајот се оствари неговата желба. Ѕаниоло потпиша договор со турскиот гигант до 2027 година и ќе заработува по три и пол милиони евра по сезона, плус бонуси.

Откупната клаузула ќе изнесува 35 милиони евра, а римската „волчица“ веднаш ќе инкасира 16 и пол милиони, плус потенцијални 13 како бонус.

Ѕаниоло сакаше да се пресели во Милан, кој испрати понуда од 20 милиони, но Рома истата ја одби. Заинтересиран беше и Бурнмаут, а Рома ја прифати понудата од 30 милиони евра, но играчот не изрази желба да игра во Англија.

За италијанската репрезентација дебитираше во март 2019 година, оттогаш забележа 11 настапи и постигна два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот