Најголем пресврт во историјата, шпанска тенисерка губеше со 0:6 и 0:5 и на крајот победи

Марина Басолс/фото: RFET, Real Federación Española de Tenis

Шпанката Марина Басолс на ВТА 250 турнирот во Будимпешта го направи најголемиот пресврт во историјата на тенисот.

Таа ја совлада со 2:1 во сетови белоруската тенисерка Јулија Хатука која е 211 на ВТА ранг-листата и тоа откако губаше со 0:6,0:5 и имаше 0:30.

Откако загуби 11 гема во серија и беше на само два поени од елиминација без освоен гем, Басолс направи неверојатен пресврт, прво освои седум гема по ред со кои дојде до 7:5 во вториот сет, а потоа во одлучувачкиот сет славеше со 6:4 и го направи најголемиот пресврт во историјата на тенисот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот