Најдобрите македонски судиите ќе делат правда на дербито во Битола

Фото: ИХФ

Oткако претходно беше објавено дека ракометното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в сабота од 19:00 часот сега се познати и арбитрите кои ќе делат правда.

Вардар убедливо победи на првиот натпревар во Скопје, но потоа со поразот од Алкалоид ги вратија битолчани во игра.

Одговорноста да го судат веројатно најважниот натпревар сезонава во македонското првенство им припадна на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

На Вардар поради победата во Скопје доволен му е и бод да остане на лидерската позиција, додека на „пелистерци“ им е неопходна победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот