Најдепресивниот ден во годината: Ако денеска не сте расположени, не сте единствените

Третиот понеделник во јануари во светот важи за најдепресивниот ден во годината.

Токму овој ден, познат и како Blue Monday, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, празниците поминаа, сметките се празни, а новата плата уште не е ни на повидок.

Психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф математички пресметал зошто токму овој ден е најдепресивен.

Формулата со која Клиф пресметал дека баш овој ден е најдепресивен во годината како фактори ги има временските услови, долговите на сметките, терминот кога ќе пристигне следната плата, фактот дека никој не ги одржал новогодишните одлуки и ветувања, ниското ниво на мотивација…

Изразот Blue Monday станувал сѐ попопуларен, па во 2014 година многу компании почнаа да го користат за промотивни цели.

Пред две години, Клиф Арнал изјави дека неговите намери никогаш не биле да го направи овој понеделник негативен, туку да ги инспирира луѓето да одат напред и да донесат некои големи животни одлуки.

Арнал пресметал и кога е најсреќниот ден во годината. Според него, во зависност од тековната година, најсреќниот ден се паѓа приближно меѓу 21 и 24 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот