Најден е вториот мобилен на Катица Јанева

Фото:ТВ21

Јавното обвинителство го пронајде воториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој до вчера имаше тврдење од синот на обвинителката дека го изгубил во Белград.

„По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен.

Обвинителството со издадено барање  до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен, а лицето кое го имало изјавило дека телефонот го добил на подарок.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет. Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“ изјавија од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот