Најбогатата тенисерка на светот претрпе болен пораз во Индијан Велс

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Џесика Пегула, која е рангирана број три во светот и ја има поддршката од нејзиниот татко милијардер, не можеше да напредува во четвртфиналето на турнирот во САД

Светскиот рекет број три и најбогатата светска тениска ѕвезда Џесика Пегула не можеше да го сокрие разочарувањето откако загуби еден од „најлудите мечеви“ во нејзината кариера.

Пегула (29) претрпе пораз од Петра Квитова во возбудлив меч од осминафиналето. Квитова на крајот победи со 6-2, 3-6, 7-6 (13-11) и се пласира во четвртфиналето.

– Тоа боли. Еден од најлудите натпревари што сум ги одиграла. Нема што да кажам само да се вратам на работа – изјави Пегула по тесниот пораз.

Нејзиниот татко Тери е сопственик на НФЛ-клубот Бафало билс и се верува дека има богатство од над седум милијарди долари, што го прави 434. најбогата личност во светот.

Ќерка му Џесика има поголемо богатство од Роџер Федерер и Серена Вилијамс заедно, иако од награди на турнири има заработено „само“ околу 10 милиони долари за време на нејзината импресивна спортска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот