Надија Калвино е новата претседателка на ЕИБ

Министрите за финансии на ЕУ ја поддржуваат кандидатурата на Надја Калвино за претседател на ЕИБ – најави белгискиот министер за финансии и претседател на Бордот на гувернери на ЕИБ, Винсент Ван Петегем, објави СЕЕ.биз.еу.

-Надја Калвино ги има сите потребни квалитети за да управува со најголемата мултилатерална банка во светот, која ги насочува многу потребните финансии кон компаниите и ги поддржува инвестициите во европската конкурентност и одржливиот раст – додаде белгискиот министер. Европската инвестициска банка е финансиска институција на Европската унија која позајмува пари на пазарите на капитал и ги позајмува со поволни услови за проекти усогласени со целите на ЕУ.

Извршниот потпретседател на Европската комисија, Маргрете Вестагар, исто така, се натпреваруваше за функцијата претседател на ЕИБ, која на крајот ја загуби трката од Надија Калвињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот