Надал има најголема корист од неиграњето на Ѓоковиќ во Мелбурн

Борис Бекер избегнувал плаќање долгови/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер смета дека Рафаел Надал има најголема корист од неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Според поранешниот тренер на Ѓоковиќ, неиграњето на српскиот тенисер му дава голема шанса на Надал да поведе во трката по бројот на најмногу освоени гран слем турнири. Моментно, Надал, Ѓоковиќ и Рожер Федерер имаат освоено по 20 трофеи, но само Шпанецот е во игра за освојување на титулата во Мелбурн.

Надал во утрешното полуфинале ќе игра против Матео Беретини, додека Федерер отсуствува поради повреда, а Ѓоковиќ е депортиран од Австралија.

– Нема дилеми дека депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија тотално го поремети гран слем турнирот. Рафаел Надал најмногу профитираше од таквата ситуација. Доколку играше и Новак, тогаш Рафа ќе имаше далеку помали шанси да ја освои титулата – смета Бекер, кој додава дека Шпанецот игра одлично во Мелбурн.

– Рафа уште еднаш ни покажа колку совршено може да се постави во период од две недели. Беше смирен и сталожен кога ситуацијата го налагаше тоа, додека неговите противници чувствуваат голем притисок. Одлуката да игра на турнир од серијата 250 се покажа паметна, тоа му овозможи полесни мечеви по враќањето од повредата, а притоа го подготви за Мелбурн – додава Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот