Над 200 кајакари од 18 земји ќе учествуваат на Европското првенство на Матка

Фото: АМС

Директорот на Агенција за млади и спорт го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка .

Над 200 кајакари од 18 земји , ќе учествуваат на натпреварите закажани од среда 17-ти мај па се до сабота 20-ти мај.

Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави.

Среда и четврток првите два дена од првенството се трка во спуст класик , а последните два дена се трките во спуст спринт.

Од првите два дена натпреварите ќе можат да се следат на „YouTube“ каналот  на Европската кајак асоцијација, а финалните натпревари во сабота ќе бидат пренесувани во директен пренос на МРТ.

Македонија ќе биде претставувана од Александар Златанов и Кристијан Лазаров. По 2017 година, ова е второ ЕП на кое сме домаќини и се надеваме дека следно ќе имаме можност да добиеме организација за светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот