Над 2.000 заразени и денеска во Србија, 11 лица починаа

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во последните 24 часа во Србија тестирани се 12.480 лица, од кои 2.181 имале позитивен наод, додека 11 лица починале.

Денешниот биланс сепак е под рекордната бројка од 2.412 позитивни која во оваа соседна земја беше забележана вчера.

Во Србија според последните податоци од Министерството за здравство и Институтот „Батут“ на респиратори во болниците се наоѓаат 57 пациенти.

Според најавите, утре напладне ќе биде одржана нова седница на Кризниот штаб за борба против ковид-19, на која меѓу другото ќе се разговара за алармантната епидемиолошка ситуација во Белград и евентуалното продолжување на есенскиот училиштен распуст за учениците од основните училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот