Над 100 деца заразени од коронавирус во Албанија

Во Албанија, каде секојдневно се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 и според последниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се вкупно 2.752 случаи, не е мал бројот на заболени деца со коронавирус.

Од почетокот на епидемијата во земјата, со Ковид-19 се дијагностицирани 110 деца, а најмалото е едномесечно бебе. Од вкупната бројка околу 25 отсто од заразените деца се активни на болеста.

По вчерашниот негативен рекорд од 90 новозаразени во едно деноноќие, министерката за здравство Огерта Манастирлиу денеска предупреди дека меѓу новозаразените и оние кои болнички се лекуваат со тешки симптоми, се поголем е бројот на млади лица.

– Во Инфективната клиника меѓу хоспитализираните граѓани има млади луѓе кои се лекуваат од сериозни симптоми, предизвикани како резултат на Ковид-19, бидејќи вирусот не разликува возраст. Многу млади денес со чест контакт едни со други, без почитување на правилата, ја зголемуваат можноста за ширење на инфекцијата и ја пренесуваат на родителите, бабите и дедовците, ставајќи ги во сериозна опасност, напиша таа на Фејсбук.

Манастирлиу апелира дека „само со придонесот на младите луѓе, со преземање индивидуална одговорност во ова необично време, ширењето на опасниот коронавирус може да се намали”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот