Националната гарда ангажирана за растерување на демонстрантите во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја ангажираше војската и Националната гарда за да ги растера демонстрациите околу Белата куќа, а потоа се прошета во паркот до блиската црква да се фотографира со Библија.

-Јас сум претседател на редот и законот, и сојузник на сите мирни демонстранти, изјави Трамп и порача дека ако сојузните држави и градовите не се способни да ја смират ситуацијата кај себе, тој може да нареди војската и Националната гарда да го направат тоа.

-Tие брзо ќе ја решат ситуацијата на нивно место, изјави тој додаваји дека мобилизирал „илјадници тешко вооружени” војници за да се запрат протестите. Уште еднаш посочи дека земјата е „нападната од терористите на Антифа”. Претходно укажа дека гувернерите треба да „доминираат” над демонстрантите.

Веднаш потоа паркот Лафајет во близина на Белата куќа беше буквало исчистен. Претходните вечери таму протестираа илјадници лица против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во понеделникот во Минеаполис од страна на полициски службеници за врема на апсење, мачна сцена фатена со камерите на минувачите.

Прочитајте и...  Косовската Влада основа Канцеларија за Прешевската Долина

Трамп одржа говор, но интересно, не кажа ништо за полициската бруталност и самоволието на униформираните лица во САД, главната причина за наелектризираната атмосфера во земјата.

Во квартовите околу Белата куќа синоќа беа распоредени возила на воената полиција со околу 230 припадници, помогнати од претставници на Националната гарда и полицијата со коњица на главниот град. Демонстрантите беа агресивно растерани, со употреба на солзавец и гумени куршуми, во хаотични сцени на бркање на луѓето, вресоци и страв, а со цел да се расчисти патот.

По кратко време, Трамп, заедно со раководството на земјата, јавниот обвинител Вилијам Бар, советникот Џаред Кушнер, министерот за одбрана Мајк Еспер, и други воени лица, излегоа од Белата куќа и се прошетаа покрај паркот до Епископската црква Свети Јован.

Прочитајте и...  Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Позната и како „претседателска” црквата е изградена на почетокот на 19 век и се наоѓа веднаш наспроти Белата куќа. Верскиот објект беше затворен, и делегацијата не се ни обиде да влезе, а Трамп застана пред влезната врата да позира пред камерите со крената Бибилија в рака, во очигледен обид да импонира на својата конзервативна гласачка база.

Некои набљудувачи во САД оваа сцена ја опишаа како „надреална”, како лошо „реалити шоу”, со оглед на бранот протести што ги заплисна САД по убиството на Флојд, наспроти постапките на претседателот кој како диктатор бара ангажман на армијата против своите граѓани.

Во САД никогаш досега, освен за време на Граѓанската војна во 19 век, армијата не била ангажирана против американски граѓани.

Прочитајте и...  Шаќири: Процесот на дигитализација и спроведување на реформи на администрацијата ќе продолжи

-Нацијата бара лидер кој ќе пренесе порака на помирување и на утеха, а не да употребува диктаторски мерки, изјави за Си-Ен-Ен градоначалничката на Минесота, државата каде во вторникот најпрвин започнаа протестите.

Властите во Вашингтон синоќа за првпат по 1942 година воведаа полициски час, кој траеше од 19 часот до ранo изутрина и ќе има уште оваа вечер.

Поради немирите, палењето објекти и автомобили, уништување привати бизниси и грабежи, полициски часови беа воведени во уште десетина градови во САД, најголемите од нив се Лос Анџелес, Атланта и Њујорк, со почеток во 23 часот до утринските часови

Прочитај повеќе

Србинка со новороденче заврши во притвор- била шеф на балканска наркобанда во Шпанија (ВИДЕО)

Слободен печат

САД ќе ја затворат амбасадата во Багдад доколку продолжат ракетните напади

Слободен печат

Азербејџан ја очекува поддршката на Србија околу Нагорно-Карабах

Слободен печат

Се појави видео од приемот на Јанкулоска во „Идризово“ (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Во Франција коронавирусот зема замав- над 4 илјади заразени во еден ден

Маријана Митровска

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Словачка во среда повторно ќе воведе вонредна состојба

Слободен печат

Итна седница на Совет на безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Слободен печат

„Да ги стреламе или да ги отруеме со гас“, снимен заговор за убиство на мигранти

Слободен печат

Нема поддршка за Законот на ЈО, нема опозициски предлог за јавен обвинител

Слободен печат

Заев: Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме

Слободен печат

Поради пандемијата изгубени се 12 билиони долари од светскиот БДП