На здравствените работници им пукна филмот: Ако ги сакате граѓаните, дојдете да видите како работиме во болниците!

матични лекари протест (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Независниот синдикат на здравствени работници во петок почнува протест кој ќе се одвива на паузите од 10 и 30 до 11 часот. Ако владата и министерствата не ги послушаат нивните барања, тогаш ќе го радикализираат протестот и ќе дојдат пред владата. Здравствените работници бараат повисоки плати за 30 проценти, бенифициран работен стаж, трансформација на вработувањата на неопределено и зголемување на коефициентите.

Ако го сакате народот и се грижите за здравјето на граѓаните, тогаш треба да се грижите и за нас кои им го чуваме здравјето. Дојдете и видете во какви услови работиме и колку можеме во вакви услови во денот со тој персонал,  да се понуди хумано лекување на луѓето. Ако навистина ги сакате, треба да проверите како се работи и што правиме за да им ја дадеме таа услужна дејност на пациентите, изјави Кристина Олевска претседателка на независниот синдикат на здравствени работници на ГОБ 8 Септември.

Еден од предлозите на независниот синдикат е високата плата на функционерите што се зголеми за 78 проценти, да се оданочува со 40 проценти.

Еден од нашите предлози е да се оданочува високата плата на функционерите со 30 до 40 проценти, или солидарен фонд, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ. 

Понатаму, предлозите се да се ослободат здравствените установи од плаќање вода и струја по индустриска тарифа и да се укинат економските директори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот