На вториот ден од Егзит полицијата пронајде дрога кај 53 лица

дрога фото МИА

Полицијата на вториот ден од музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад заплени разни видови наркотици од 53 лица против, кои ќе бидат поднесени кривични пријави, јави дописникот на МИА.

– Припадниците на МВР во вториот ден од Егзит запленија различни видови наркотици од вкупно 53 лица, а 19 лица се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во него се додава дека кај приведените лица била пронајдена помала количина марихуана, кокаин, екстази како и други психоактивни супстанции.

Според соопштението, кај 46 лица дрогата е пронајдена на подрачјето на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, каде се одржува фестивалот.

Против сите осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење опојни дроги.

Полицијата на првиот ден од фестивалот Егзит кај 34 лица запленила повеќе од шест килограми различни видови наркотици.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, продолжуваат со интензивирање на контролата на просторот каде што се одржува фестивалот Егзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот