На воена вежба „Силен Балкан 23“ во Албанија се сообраа најелитните вооружените сили од Балканот

Бугарска армија, војска, бугарски војници, Бугарија
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Албанија почна воената вежба „Силен Балкан 23“ со учество на специјалните единици на армиите на земјите од Балканот, што првпат се одржува во Албанија, објави министерот за одбрана Нико Пелеши.

„Најелитните единици на вооружените сили од регионот на Балканот, специјалните армиски сили, се собраа во Албанија за дополнително да ја зголемат регионалната соработка, но и преку зголемување на професионалното ниво, тактичка, оперативна и стратешка обука, за да се соочат со сложените предизвици од безбедносното опкружување“, напиша Пелеши на Фејсбук.

Според него оперативците на специјалните сили од осум балкански земји заедно ќе реализираат вежбовни активности до 12 ноември.

Преку објава на Фејсбук реагираше и премиерот Еди Рама наведувајќи дека „специјалните армиски сили од целиот Балкан спроведуваат воена вежба со цел зголемување на регионалната соработка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот