На поранешен српски кошаркар кој играше за Лејкерс во манастир му украле 350 евра

Фото: EPA/LARRY W. SMITH CORBIS OUT

Поранешниот српски кошаркар кој во кариерата го носеше дресот и на Лос Анџелес Лејкерс, Владимир Радмановиќ бил ограбен во манастирот Хиландер на Света Гора, објави српски „Курир“.

Според информациите грабежот се случил на почетокот на април, а од собата на манастирскиот конак му биле украдени 350 евра.

Радмановиќ во првата половина на април со неколку свои пријатели бил во посета на манастирот.

„Од собата на манастирскиот конак му се украдени пари. Грабежот го пријавил во полиција. Настанот се случи во првата половина на април кога престојуваше во манастирот со неколку пријатели. Монасите уредно го сместиле, меѓутоа додека бил на обиколка собата му била отклучена и некој му ги украл парите“, изјавил доброизвестен извор.

Истрагата е во тек, се истражувало и интерно во манастирот, но засега нема резултат. Се сомнева дека сторителот веројатно е некој од поситетелите во тој ден, меѓутоа засега нема потврдени информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот