На денешен ден – 21 април

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим.

1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот.

1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор.

1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати дела се трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.

1816.- Родена е Шарлота Бронте, англиска писателка. Се прославила со романот „Џејн Ејр“. Други нејзини познати дела се: „Ема“, „Професор“ и „Вилета“. Умрела во 1855 година.

1856.- Австралија е првата земја во светот која вовела осумчасовно работно време.

1918.- Во воздушна борба загинал германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Тој во текот на војната соборил повеќе од 80 непријателски авиони. 

1926.- Родена е британската принцеза Елизабета Александра Мери, од 1952 година Елизабета Втора, кралица на Велика Британија.

1946.- Во Скопје била изведена првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна.

1960.- Главниот град на Бразил бил преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.

1967.- Оружените сили на Кралството Грција под раководство на десничарски ориентираните полковници извршиле државен удар и ги укинале сите уставни институции во земјата. Обидот на кралот да изврши противнапад не успеал, па монархот морал да ја напушти земјата. Извесно време во Грција постоело регентство, а потоа била прогласена република.

1993.- Врховниот суд на Боливија на 30 години затвор го осудил поранешниот диктатор Луис Гарсија Меса, под обвинение за убиства, грабежи, измами и непочитување на Уставот.

1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје, била предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациска врска меѓу Република Македонија и САД.

1997.- Првите кинески војници навлегле во Хонгконг во рамките на подготовките за преминување на таа британска колонија на 1 јули 1997 година под суверенитет на Кина.

2010.- Умрел Хуан Антонио Самаран, долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). На чело на МОК бил од 1980 до 2001 година.

2014.- На Малта на 67-годишна возраст по кратко боледување починал Љупчо Самарџиски, еден од најзначајните мултимедијални уметници со меѓународно реноме, сликар, солист на контрабас и композитор. Од 1985 до 1993 година живеел во Париз, а од 1995 година на Малта. Како солист на контрабас настапувал скоро во сите земји во Европа, САД, Канада, Бразил, Мексико. Бил член на повеќе светски уметнички асоцијации вклучувајќи ги и УНЕСКО и Ф.И.А.М. Љупчо Самарџиски бил роден на 4 октомври 1947 година во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот