На булевар „Видое Смилевски-Бато” ќе се снима филм со специјални ефекти

Сообраќајот по булевар „Видое Смилевски Бато” во Скопје, утре од 10 до 17 часот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради снимање филм од страна на Скопје филм студио, најави денеска Министерството за внатрешни работи.

За време на снимање на филмот ќе се користат и специјални ефекти. Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот со пренасочување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот