МЗТ Скопје е прв финалист во Купот на Македонија

Фото: КФСМ

МЗТ Скопје Аеродром имаше предност, противникот ја стигнуваше, но пресуди финишот, победа на бранителот на пехарот (81:76)

По шест минути од играта, резултатот беше нерешен (16:16). Веќе во наредната дојде и првото водство за Работнички (19:18).

Но крајот на последната од првата четвртина донесе водство на противникот. МЗТ Скопје имаше вишок од четири поени, (26:22).

Во онаа втората, потополно израмнета игра, во која ниту една од двете екипи не реализираше некоја голема предност. „бело-сините“ имаа водство, но не високо, така беше и на истекот на првото полувреме. Бранителот на трофејот имаше позитива од пет поени (43:38).

Танасковиќ беше реализатор на 13 поени за МЗТ Скопје (имашеш и високи шест скока) во првите 20.минути.

Минути од играта во кои „металците“ шутираа со скромни 20% од линијата за три поени (2/10).

Интересно, ист број на реализација, но на другаат страна од игралиштето имаше и Трајс Но „црвено-белите“ имаа осум загубени топки, пет повеќе од големиот ривал, и исто така не баше претерано висок процент на реализација за три поени (2/8 односно 25%).

МЗТ Скопје одлично го отвори второто полувреме. По „два плус еден“ играта на Танасковиќ, аеродромци дојдоа до највисоката предност (55:43), и го натераа Горан Самарџиев, тренерот на Работнички, да побара тајм-аут уште во раната фаза на третиот период од полуфиналето.

Во онаа последната, Работнички имаше подобри моменти, во онаа прва „половина“, и се доближи на само „пола кош“ негатива (69:70).

Но екипата која го брани трофејот во националниот Куп, имаше „одговор“ и на тој напад на противникот. Се одвои и на солидни (77:71), а време за ново враќање на Работнички имаше се помалку. Сепак, „предизвикувачот“ најде сили, најде енергија да се доближи уште еднаш на минус еден (76:77). Имаа и напад за водство, но Баковиќ го спречи тој обид, по што капитенот Д. Стојановски положи за (79:76), и остави нецели 45 секунди за конечно решение, кој ќе биде првиот финалист на 32. издание на Купот.  шансата не ја искористи Ѓуроски, казни, со две слободни фрлања Ворку, за место во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот