МЗТ Скопје Аеродром загуби во контролниот меч против грчкиот Арис

фото: facebook.com/kkmztskopje

МЗТ Скопје Аеродром денеска го одигра првиот подготвителен меч во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

На гостински терен актуелниот македонски кошаркарски шампион загуби со 67:87 против повеќекратниот грчки шампион Арис.

Играчите на МЗТ одиграа одлични три четвртини (14:22, 25:13, 19:26), водеа и на полувремето (39:36). Но, поспремниот противник со серија од 11:0 се одлепи во последниот период и дојде до триумф.

Во редовите на МЗТ Бојан Крстевски со 12 поени беше најефикасен, Седрик Расел постигна 10 поени, Дамјан Робев беше стрелец на девет поени, Ијасу Ворку реализира седум, а Андреј Андоноски и Марко Баковиќ уфрлија по шест.

Серијата пријателски средби МЗТ ќе ја продолжи в петок, кога ќе го пречека косовскиот тим на Пеќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот