МВР со детали за сообраќајката кај Мавровка: Повредени се четири лица

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Поради сообраќајна несреќа кај Мавровка утрово беше отежнат сообраќајот во Скопје. Како што информира МВР, сообраќајката се случила ноќеска во 2.30 минути по што биле повредени четири лица.

„Денеска (05.12.2023) во 02.30 било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“, управувано од Д.Ј (36) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“, управувано од С.Ш (31) од с.Студеничани, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „ауди“, И.В(40) и Е.М (30) двајцата од с.Студеничани, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Утрово исто така се случи сообраќајна несреќа и кај Соборниот храм каде исто така сообраќајната сигнализација не е во функција.

Две возила се судрија кај Мавровка, сообраќајот се пренасочува

ФОТО | Тешка сообраќајка кај Соборна, „голф“ удри во жардиниера

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот