Две возила се судрија кај Мавровка, сообраќајот се пренасочува

Фото: 360 степени

Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи утрово на раскрсницата кај „Мавровка“.

Несреќата предизвика сообраќаен метеж во тој дел од градот, а возилата и автобусите што се движат по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во правец од Македонската академија на науките и уметностите кон Бит Пазар се пренасочувани по булеварот „Гоце Делчев“ кон МТВ.

Екипи работат на поставување на нова сообраќајна сигнализација.

Покрај сообраќајката кај „Мавровка“, закрчен е и сообраќајот кај Соборниот храм откако возило удри во столб за регулирање на семафорите веднаш по пешачкиот премин и се качи на жардиниерата.

 

ФОТО | Тешка сообраќајка кај Соборна, „голф“ удри во жардиниера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот