Мустафа: Имаме поддршка за формирање нова влада

Фото: МИА

Мустафа рече дека внатре во новата коалиција се уште не разговарале за имињата на новите министри.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа изјави денеска дека новата партиска коалиција има доволен број во парламентот за изгласување на нова влада.

Мустафа така изјави непосредно пред состанокот со претседателот на НИСМЕ Фатмир Лимај, партија која ќе биде дел од новата коалиција.

– Имаме доволен број пратенички гласови – рече Мустафа, пренесува РТК на албански јазик.

Мустафа рече дека внатре во новата коалиција се уште не разговарале за имињата на новите министри.

-Разговаравме, но не сум директно вклучен во тие разговори, освен кога Авдула Хоти е предложен за кандидат за мандатар, рече Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот