Мултимедијалниот настан „Под земја полесно се дише“ нуди аудиовизуелна алтернатива за скопскиот загаден воздух

Дизајнот на плакатот е на Бранкица Јордановска

Кај Гаражите под плочник (Градски ѕид карши Влада) на 23 декември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи деветтото издание на независниот мултимедијален фестивал „Под земја полесно се дише“ во организација на здружението „Кула“.

Во програмата на настанот е планиран богат репертоар за културно инхалирање свежа продукција од областа на алтернативните визуелни и музички уметности.

– Скопје сѐ уште добро котира на листите за најзагаден град во светот, и секако, Скопје останува единствен избор за реализација на ова 9-то издание на „Под земја полесно се дише“. Добропознатите скопски студ, магла и тотална загаденост не се доволни да го спречат вашиот омилен независен мултимедијален фестивал. Алтернатива за подобро здравје! Дојдете и набавете сѐ што ви треба од нашиот исполнет штанд со цртежи, торби, маици и чист, неконтаминиран, свеж воздух – посочуваат организаторите на настанот.

Во ликовната програма ќе се претстават Ангела Бошевска, Бурџу Мусли, Дамјан Јанкоски, Ертунч Сали, Ивана Самандова, Ивона Петрова, Кристијан Јованоски, Крсто Анастас Глигорјадис, Наташа Неделкова, Самир Карахасан, Сања Симоска, Сара Милошевска, Сашо Алушевски, Сергеј Калеников и Христина Крстеска, додека во музичката програма ќе настапат „Moralo“, „The ООZ“, „Gabberazha“, Александар Ордев & Максимилијан Сарајлија.

Дизајнот на плакатот е на Бранкица Јордановска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 210, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24.12.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот