МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Средношколци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

– за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
– за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
– за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
– за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12 000 дeнари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот