Можете да се кладите дали ќе се открие вакцина за коронавирус пред 31 декември

Повеќе светски кладилници, а најмногу руските, во постојаниот недостаток на спортски настани во својата понуда уфрлиле кладби поврзани со кризата околу коронавирусот.

Така една руска кладилница во понудата има да се кладат луѓето на откривање на вакцина против коронавирусот до крајот на оваа година и според коефициентите поголема е веројатноста дека СЗО до 31 декември ќе објави дека вакцината е откриена отколку дека тоа нема да се случи.

Во понудата има и да се кладите дали Елон Маск лично ќе објави дека ја открил вакцината, на што коефициентот е дури 200, а голема е веројатноста дека до крајот на годината ќе биде направена видеоигра со тематика борба против коронавирусот.

Играчите можат и да се кладат дали Доналд Трамп од својата кула во Њујорк ќе направи привремена клиника, за што за вложени 100 денари, ќе добиете 1.400.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот