Моторџија прегази велосипедист во Скопје

Фото: МИА / илустрација

Вчера околу 17 часот на крстосницата од ул.„Св.Прохор Пчински” и ул.„Пере Тошев”, мотоциклист на 29 годишна возраст прегазил велосипедист кој бил тешко повреден.

„На 12.09.2023 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Св.Прохор Пчински” и ул.„Пере Тошев” се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха” со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(29) од Скопје и велосипед управуван од И.К.(42) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот