Мотоциклист е тешко повреден откако излетал од пат

Фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден на патот кон с.Пуста Брезница, скопско се случила сообраќајна несреќа во која 51 годишно лице од Скопје со својот моторцикл излетал од патот.

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон село Пуста Брезница, скопско, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(51) од Скопје, излетал надвор од патот.

Во несреќата мотоцикистот се здобил со тешки телесени повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот