Морачанин: Заев нема да се премисли за оставката, таа тема е затворена

Маја Морачанин во гостување на ТВ24 / 3 ноември / фото: ТВ24/принтскрин

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во вечерашното гостување на ТВ24 изјави дека имала конструктивна средба со премиерот Зоран Заев и додаде дека тој е дециден околу поднесената оставка и оти таа тема е затворена.

Според неа, само прашање на време кога ќе започне формалната процедура со предавање до Собранието и потоа претседателот да го даде мандатот.

-Премиерот беше одлучен во својата намера и сите други дебати немаат простор. Тој смета дека тоа е најдобар интерес за општеството и државата во контекст на понатамошен прогрес на Македонија. Тоа е негов став дека не треба да остане на функцијата. Процесите треба да продолжат да течат и не треба нешто драматично да се гледа на неговата оставка, смета Морачанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот