Момче избодено до смрт пред училиште во Лидс, уапсени двајца тинејџери

Фото: МИА

15-годишно момче почина откако беше избодено со нож пред училиште во Лидс. Полицијата веднаш пристигнала на местото на злосторството и привела двајца тинејџери.

Директорот на училиштето Пол Бел рече дека жртвата е поранешен ученик во училиштето. За несреќата е информирано семејството на момчето, пишува Sky news.

„Нашата истрага сега е во рана фаза и спроведуваме опсежна истрага за да утврдиме што точно доведе до оваа непотребна загуба на животот на еден млад човек. Го разбираме огромното влијание и големиот шок што овој трагичен инцидент ќе го има врз локалната заедница. Веќе разговаравме со голем број сведоци и би сакале да слушнеме од секој кој има информации за инцидентот“, соопшти полицијата.

Полицијата го блокираше просторот околу училиштето додека трае истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот