Могерини: „Дводржавното решение со Израел и Палестина е единствено реално решение“

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, на Самитот на Арапската лига во Тунис испрати порака на поддршка на сирискиот суверенитет врз Голанската Висорамнина, која Израел ја окупираше и ја припои, а минатата недела Соединетите Американски Држави (САД) ја признаа како израелска територија, јавува агенцијата Анадолу (AA).

Таа нагласи дека решението за мир не е да се оглушите на резолуциите на Советот за безбедност на ОН во врска со ова прашање.

Таа се осврна и на израелско-палестинскиот конфликт, напоменувајќи дека ЕУ го заговара моделот на дводржавно решение.

„Единствено одржливо и реално решение е дводржавното решение со Израел и Палестина. На нас е одговорноста да спречиме тоа решение неповратно да се отстрани“, изјави Могерини.

Таа додаде дека Ерусалим треба да биде престолнина на двете држави.

„Кој било иден план ќе мора да ги признае меѓународно договорените параметри на размена на териториите, со оглед на состојбата од 1967 година и статусот на Ерусалим како идна престолнина на двете држави“, изјави таа.

Во Тунис денеска започна 30. Самит на лидерите на Арапската лига. На Самитот со кој претседава претседателот на Тунис, Беџи Каид Есебси, присуствуваат 13 лидери, меѓу кои и кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

На состанокот е разговарано за ситуацијата во Сирија, како и за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Голанската висорамнина.

Меѓу главните теми кои ќе се разгледаат на состанокот се и прашањето за Палестина, ситуациите во Јемен и Либија, помошта за развој на Сирија и мешањето на Иран во внатрешните работи на арапските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот