
МОЕ ЛЕТО | Апасиев: Син ми Кавала ја знае како Штип и Аеродром
Што има толку посебно во грчкиот град што го „влече“ Димитар Апасиев секое лето со семејството да оди во Кавала, лидерот на Левица открива во забавната емисија „Мое лето“ на „Слободен печат“.
Препорачано
– Кога бев студент за првпат се сретнав со градот Кавала од далеку. Паметам, требаше во Грција да бидеме дел од летна програма, патувавме со воз, нè фати невреме и поради паднато дрво на пругата моравме да се прекачиме во автобус за да нè префрлат до местото каде што патувавме. Тогаш од далеку го забележав убавиот град, прашав кое е тоа место и еден Грк ми кажа дека се вика Кавала. Ми остана врежано во глава. Години потоа ѝ предложив на мојата сопруга да одиме за првпат таму на одмор. Оттогаш секоја година одиме во Кавала на одмор. Исак веќе знае кај му е најубавата слаткарница, каде му е играчницата, сè си знае. Градот го знае како Штип, како Аеродром што го знае, така ја знае Кавала – вели Апасиев.
Пратеникот и универзитетски професор, за време на летото во фрижидер го чува омилениот пијалак, а во нашата емисија ќе дознаете кој пијалак е тоа. Апасиев открива и кое е неговото хоби, а е поврзано со животни. Воедно, за првпат во јавноста Апасиев проговори како изгледа ова лето со мало бебе и дали ќе патуваат некаде предизборно.
Гледајте ја вечерва во 19 часот новата епизода на „Мое лето“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.
Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.