МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет – во 2022 тука ќе се одржат 7 меѓународни вежби со над 5000 учесници

Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: МИА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе бидат во посета на Армискиот полигон „Криволак“ и ќе направат увид во реконструктивните активности кои се извршуваат на повеќе локации во самиот полигон.

Како што соопшти Министерството за одбрана, со инвестиции во патната инфраструктура, објектите, обнова на полигоните за обука, Армискиот полигон Криволак” добива нов, модернизиран и современ лик.

– Во 2022 на полигонот Криволак ќе се одржат седум меѓународни вежби – со учество на 5200 припадници на сојузничките армии, како и на Армијата на Северна Македонија. Најголема меѓу нив е вежбата SWIFT RESPONSE – 22, на која е најавено учество на околу 4000 учесници од армиите на САД, ОК, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и од Северна Македонија, се вели во соопштението.

Од ресорното министерство потсетуваат дека реконструкцијата на АП „Криволак” започна во 2020 година. Се работеше и активно се работи на зачувување на постоечката и воспоставување на нова патна инфраструктура, а во овој период се градат, реконструираат и санираат објекти, санитарни јазли и пречистителни станици. Во периодот што следува е предвидена набавка на нови 32 контејнери за сместување, со што ќе се зголеми сместувачкиот капацитет на полигонот.

Припадниците на Инженерискиот баталјон, во изминатиов период, како што се наведува, самостојно работеа на пробивање на нови патишта за изградба на обиколницата на полигонот Криволак, но и на реконструкција на постоечката инфраструктура и внатрешно поврзување со цел да се обезбеди комплетно патно поврзување на полигонот во вкупна должина од 75 километри.

– Со поддршка на 15. Инженериски баталјон на Армијата на САД, Инженерискиот баталјон на Армијата минатата година работеше на изградба на нови содржини, полигони со подвижни и неподвижни цели за оклопни возила, полетно – слетна патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети, се со цел овој наш ресурс да стане еден препознатлив НАТО ресурс за обука и тренинг, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот