МНР демантира дека ќе ја праќа Бесмира Ејупи за генерален конзул во САД

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија Фото: МИА

Во моментов има Генерален конзул во Тотова – Њу Џерси, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена, реагираат од Министерството за надворешни работи, откако во медиумите се појавија информации дека Владата на затворена седница пред два дена одобрила Бесмира Ејупи да биде именувана за генерален конзул во Њујорк.

Од МНР посочуваат дека објавените информации се нецелосни и дека се работи за информации од доверлив карактер.

Од Кабинетот на Претседателот на државата вчеравечер појаснија дека постапката за именување на генерален конзул на Република Северна Македонија во странство не е во надлежност на претседателот на државата, туку е во надлежност на Министерството за надворешни работи и Владата, и истата е регулирана со Законот за надворешни работи.

Од Владата нема потврда за информацијата дека 28-годишната ТВ-презентерка на вести, ќе биде генерален конзул во Њујорк.

Бесмира Ејупи ќе биде новата конзулка во Њујорк: Од телевизиско во конзулско столче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот