Младо момче прегази возрасна жена во Охрид

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Тешка сообраќајка се случила вчера околу 17.00 часот во Охрид, кога младо момче на 26 години со иницијали Б.С. удрил во 84-годишна баба од Охрид. Бабата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во охридската болница, известија од полицијата.

„На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид. Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информира МВР.

 

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот