Младинците поразени од Унгарија – Слободен печат
КошаркаСпорт

Младинците поразени од Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го доживеа петтиот пораз на Европското првенство Б дивизија.

Младинската кошаркарска репрезентација е поразена од селекцијата на Унгарија со 62:55 на Европското Првенство Б дивизија што се одржува во Португалија.

Поразот од Унгарија значи дека младинците утре ќе играат за  15. место од вкупно 21 репрезентација која учествува на ЕП во Португалија.

Павле Михајлоски беше најдобар во „црвено-жолтиот“ дрес со 17 поени и 10 скокови, а по 10 поени постигнаа Крстевски и Анастасов, додека Темелковски мечот го заврши со 7 поени, 13 скокови и 5 асистенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close