Млада девојка загина во земјотресот во БиХ

Земјотрес во БиХ/Фото: Аваз.ба

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди поширокото подрачје на Херцеговина загина едно лице. Убиена е Елмира Сефо од Столац.

Земјотресот, кој најпрво ја потресе Херцеговина, а беше почувствуван низ речиси целиот регион, беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Најлошо било во Столац, каде камен паднал врз куќата и тешко ја повредила Елмира Сефо (27), која починала од повредите.

Според сведочењето на мештаните, Елмира живеела со родителите во семејната куќа во населбата Кукавац, кои биле полесно повредени.

Брзата помош ја пренела Елмира во болницата во Мостар, каде лекарите се обиделе да ја оживеат, но безуспешно. Повредите со кои се здобила биле фатални.

ВИДЕО: Паника во БиХ, граѓаните на Сараево, Требиње и Зеница истрчаа на улиците, паѓале предмети во становите на погорните катови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот