ВИДЕО: Паника во БиХ, граѓаните на Сараево, Требиње и Зеница истрчаа на улиците, паѓале предмети во становите на погорните катови

Земјотрес во БиХ/Фото: Аваз.ба

Силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Босна и Херцеговина се почувствувал ширум целата држава: во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње, јавува Аваз.

-Бројни граѓани од Требиње, Зеница и Сараево истрачаа на улиците. Од јачината на потресот се’ се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавуваат дека им паѓале предмети од силниот потрес, објави Аваз.

Според податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот во 23.07 часот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот