Митрески: И во ВМРО-ДПМНЕ има чесни и поштени луѓе кои ќе се оградат од криминалот

Што ќе правиме на 15 јули? На 15 јули ќе победиме толку силно, што ќе треба да се случи обнова, не онаа што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, туку во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и таму има чесни и поштени луѓе, кои ќе се оградат од криминалот, кои ќе покажат дека сакаат да има правна држава, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.

Познат е ставот на ВМРО-ДПМНЕ правдата, гласаа против законот за јавно обвинителство, кој стапи во сила, само да се спречи правдата, нагласи Митрески.

-Тој истакна дека ќе продолжиме понатаму, конечно да ја исчистиме дамката од судството и конечно да функционира правда и ред во нашата држава. Изборот на 15 јули е лесен – парите кај граѓаните или во белата палата, или иднина на нашата држава или враќање во темното минато. На 15 јули ќе победиме заедно, сплотени, како една тупаница, бидејќи можеме многу повеќе многу подобро, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата Можеме, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот