Митракис: Мора да се промени фактот што пет грчки острови го носат товарот на миграциската криза во Европа

Фото: МИА

Денес пет острови од северниот дел на Егејското Море го носат товарот на миграциската криза во име на цела Европа, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис по средбата со заменикот министер за внатрешни работи на Германија, Хелмут Тајхман и истакна дека „ова мора да се промени“.

Митаракис заедно со алтернативниот министер за миграција и азил, Јоргос Кумуцакос, во Берлин остварија средба со германскиот министер и разговарале за потребата да се поддржи европскиот буџет за миграциското прашање за 2020 година, како и за потребата да се заштитат границите, преку зајакнување на улогата на ФРОНТЕКС, јави дописничката на МИА од Атина.

– Разговаравме за потребата да се планираат со ЕУ заеднички враќања, за потребата да има праведна распределба на бегалците во Европа со брзо префрлање од островите, за потребата за борба против криумчарите и прашањето за преземање активности за децата без придружба – рече Митаракис по средбата и додаде дека Германија прифатила да има активна улога во новиот центар на островот Самос, преку помош за здравствени прашања, инфраструктурата и техничката поддршка, како и помош во процесот за доделување азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот