Мисури е првата сојузна држава која поднесе тужба против Кина поради пандемијата

22 конгресмени бараат Трамп да го даде Пекинг на суд во Хаг.

Мисури е првата сојузна држава која поднесе тужба против Кина, обвинувајќи ја кинеската Влада за светската пандемија на коронавирусот и бара оштета „за огромните загуби на човечки животи, страдање и економска криза” како последица на болеста.

Како што јавија американските медиуми, тужбата, поднесена од државниот обвинител на Мисури Ерик Шмит, е една од неколку слични судски процеси во американските федерални судови започнати од приватни групи.

Така на пример, во Флорида, Кина е дадена на суд поради тоа што „знаеше дека Ковид-19 е опасна болест но реагираше споро, ја ставаше главата во песок и/или ја заташкуваше за свој тесен економски интерес”.

Во Мисури досега се потврдени речиси шест илјади случаи на заразеност од коронавирус, а 215 лица починале. Поради затворената економија сојузната држава досега изгуби 44 милијарди долари. Во тужбата се наведува дека токму Кина е виновна за последиците од пандемијата.

Познавачите во САД сметаат дека е мошне тешко да се предвиди исходот од вакви судски процеси и дали тие би имале некаков ефект.

Во меѓувреме, 22 републикански конгресмени побараа од јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар, државниот секретар Мајк Помпео и од претседателот Доналд Трамп, да покренат постапка против Кина во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за дејствата на оваа земја за време на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот